мај 12, 2026

А.Ш. (51) од Скопје била пронајдена почината во својот дом на подрачјето на Карпош. Случајот бил пријавен во полиција вчера утрината, околу 6 часот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), починатата имала здравствени проблеми.

На местото на настанот, веднаш пристигнале екипи од Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Полицијата продолжува со истрагата за да се разјаснат околностите под кои настапила смртта.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK