мај 12, 2026

Музичката поп дива Калиопи ќе биде главна ѕвезда на музичкиот фестивал „Џој Фест“, кој годинава се одржува по 11 пат во Крива Паланка.

Кривопаланечката публика нестрпливо ја очекува омилената пејачка, а Калиопи ветува незаборавна ноќ  со бројните гости и посетители , на 24 август , на Градскиот плоштад во Крива Паланка, која е во знакот на фестивалските денови по повод патрониот празник на заштитникот „Свети Јоаким Осоговски“.

Покрај Калиопи,  втората фестивалска вечер ќе настапат и музичките групи Кисити, Парампашчад и Бубњиви и Пси, додека првата фестивалска вечер  е резервирана за Конкверинг лајон и Суперфикс.

Организаторите на „Џој фест“ и годинава ветуваат незаборавна журка со многу музика и забава, по вкус на сите генерации.

The post Калиопи главна ѕвезда на 11то издание на „Џој Фест“ во Крива Паланка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK