Паметните телефони станаа дел од нашето секојдневие, но сепак има и такви кои преферираат „глупави“ телефони, односно телефони со физичка тастатура.
Овие телефони се погодни првенствено за деца и постари лица, а од повеќе или помалку истата причина – тие се лесни за употреба и тешко се кршат, освен ако некој навистина не се обиде.
Специјализираниот сајт Android Central се зафати со оваа тема, и го избра најдобриот „глупав“ телефон. Тие го прогласија еден преклопен уред за шампион во оваа категорија – моделот Nokia 2780 Flip.
Велат дека се работи за издржлив телефон со два екрани, а се напојува со Qualcomm QM215 Snapdragon 215. Има оперативен систем KaiOS 3.1, заедно со 512 MB меморија за складирање и 4 GB RAM.
Оваа Нокиа има камера од 5 MP, како и приклучок за слушалки од 3,5 милиметри, а батеријата, доколку ја чувате и ја користите за основни потреби, може да издржи и до 18 дена.
The post Ова е најдобриот „глупав“ телефон – што велите вие? appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде