благодарност до сите помагатели, особено до нашите храбри охридски професионални пожарникари, Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид кој постојано беше присутен на терен, ДПД друштва, армиски војници (доброволци), ренџерите од Националниот парк, пограничната полиција, локално население и сите оние волонтери, фирми и претпријатија кои на било кој начин дадоа придонес во гаснењето. Исто така упатуваме благодарност и до Горан Ангелоски кој со своите пријатели несебично пружеше помош на пожарот на Плаќенска планина и ако во одредени моменти беа оставени сами на себе. Ова е наше кратко видување за целата ситуација со пожарите. Се извинуваме ако некој се пронајде во ова писмо. Екипата го прави успехот, не поединци, стои во обраќањето до јавноста на командирот на ТППЕ Охрид Борко Јанкулоски.
Од ТППЕ Охрид Пожарна најавија дека преку надлежните институции ќе покренат постапка за разоткривање и санкционирање на сите чинители кои го злоупотребиле нивното име, за некакви броеви за донации каде наведуваат дека стапиле во контакт со нив.
– Како дел од Општина Охрид, немаме дадено никаква согласност за собирање за средства. Сите „воени профитери“ кои ја искористија ситуацијата додека пожарникарите гинеа по терените, ќе одговараат, потенцираат од ТППЕ Охрид
Следете не, не има насекаде