Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 60 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии лоцирани во неколку скопски општини.
Активностите се реализираа на улиците Васил Чакаларов и Рузвелтова – во скопската општина Карпош и на булеварот Македонско-косовска бригада, во општината Чаир.
Утринава е забележано одлагање големи количини отпад од картонска амбалажа на две локации во централното градско подрачје – на сообраќајна површина на булеварот Кирил и Методиј, како и на паркинг-просторот лоциран на улицата Димитрија Чуповски. Непрописно одложениот отпад беше подигнат и транспортиран од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Следете не, не има насекаде