Македонските доајени на музичката естрада, кои се дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“, ќе ја исполнат кривопаланечката сцена, во недела, 25 август, во 20,00 часот, на Градскиот плоштад во Крива Паланка.
Проектот „Македонијо во срце те носиме“ се состои од 12 македонски патриотски песни во изведба на 12 познати македонски изведувачи, со нови современи аранжмани од композиторот Николче Мицевски и на „Скендеровски продукција”.
Кривопаланчани ќе можат да уживаат во македонските музички бисери во интерпретација на: Сузана Спасовска, Наум Петревски, Зуица Лазова, Миле Кузмановски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, „ДНК“, Огнен Здравковски, Александар Тарабунов, Бојана Скендеровски, Мина Блажев и Марија Спасовска.
Следува извонредна музичка вечер на Кривопаланечко културно лето и “Крива Паланка – Град на културата” со преработките на: „Налеј, налеј“, „Заветна“, „Земјо македонска“, „Народе македонски“, „Послушајте патриоти“, „Ој Вардаре македонски“ и многу други што според Скендеровски ја прегрнуваат Македонија со најубавите звуци – аманет од генерациите пред нас.
The post Македонските доајени од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ во недела во Крива Паланка appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде