Хрватската пејачка Северина синоќа околу 19 часот била сопрена на српската граница, а потоа надлежните органи спровеле постапка, како и за сите чии изјави српските државни органи ги сметаат за сомнителни.
Во таа прилика пејачката се огласи и директно ги нападна властите во Србија нарекувајќи го претседателот Александар Вучиќ „диктатор“.
„Нема да одам во Србија додека е диктаторот на власт“, изјави пејачката за 24сата.хр.
Таа истакна дека нема ништо против српскиот народ, но дека не го сака режимот во Србија и дека е свесна дека нејзиното незадоволство го дели и српскиот народ.
„Србија, те сакам… и сакам што побрзо да станеш демократска. Но, никогаш повеќе нема да дојдам во Србија додека овој човек не се тргне од власт. Сите добро знаеме кој. А каква е оваа влада кога се плашат од моето мислење?“, изјави пејачката.
The post Северина: Никогаш повеќе нема да одам во Србија додека е на власт диктатор од кого бегаат и Србите appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде