Колумбиецот Џејмс Родригез потпиша за Рајо Ваљекано, потврди клубот. Родригез се врати во шпанската престолнина, тој беше член на Реал од 2014 до 2020 година.
33-годипниот фудбалер дојде во Рајо како слободен играч, откако една сезона играше во Сао Паоло.
Одличните игри во дресот на националната селекција летово, по кои беше прогласен за најкорисен играч на последното издание на Копа Америка, дефинитивно го вратија Родригез во европскиот фудбал.
Благодарение најмногу на него, Колумбија стигна до финалето на јужноамериканското првенство.
The post Рајо Ваљекано го потврди трансферот на Родригез appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде