октомври 30, 2024

Тренерот на Барселона Ханси Флик се обрати на прес-конференција пред гостувањето во Мадрид кај Рајо Ваљекано. Барселона утре ќе гостува на „Ваљехас“.

„Не работам во минатото, работам во сегашноста. Добро почнавме и мораме да продолжиме понатаму“, беа првите зборови на 59-годишниот германски стручњак до претставниците на „седмата сила“.

Се зборуваше за проблеми со регистрацијата на Дани Олмо, кој беше одличен во кампањата за европска титула на Шпанија во Германија.

„Се надевам дека ќе можам да сметам на него. Се надевам дека ќе биде веќе утре (вторник) со нас. Го очекував тоа пред последниот натпревар, но работите се такви какви што се. Би било фантастично, но ќе видиме што ќе се случи. Ова е нешто што ниту играчот ниту тимот не можат да го контролираат. Дури ни тренерот, знаеме колку е тешка ситуацијата. Разговарав со него, тоа е тешка ситуација и се надевам дека ќе може да игра утре. Секако дека не е среќен, но ги знае околностите. Подготвен е да игра“, изјави Флик.

The post Флик: Се надевам дека Олмо ќе игра Рајо Ваљекано appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK