октомври 30, 2024

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ синоќа, 25 август, го привлекла вниманието на српската полиција на граница, што предизвика низа коментари, меѓу кои се истакна остриот тон на регионалната музичка ѕвезда Јелена Карлеуша.

Северина беше приведена неколку часа по редовната процедура при влез во Србија, а потоа следувало нејзино враќање во Хрватска.

Секој кој себе се нарекува чесен човек, добар човек и човек со здрав разум, јавно ќе осуди некој што слави и се радува на протерувањето на половина милион луѓе од една земја. Во случајот со пејачката Северина, која гласно го слави геноцидот врз хрватските граѓани од српска националност, најмалку што може да направи оваа земја е да го претресе нејзиниот автомобил. Затоа што таа е многу полоша од шверцерка и дилер на дрога. Таа е некој што пропагира фашизам и омраза, а за такви во Србија нема место – остро Карлеуша ја нападна Северина.

Потсетуваме, неодамна сопругот на Карлеуша, фудбалерот Тошиќ, ѝ пишуваше дописки на Северина канејќи ја на јахта во Турција во периодот кога тој и сега „смирената“ сопруга Карлеуша беа пред развод.

Па оттука и не се за чудење острите напади на Карлеуша против Северина без разлика на вистинските причини.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK