октомври 30, 2024

Општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пред десет денови на 16.08.2024 година склучиле договор со приватна агенција за вработувања за ангажирање на работиници за вршење на привремени работи за општината.

Вредноста на Договорот е 16,5 милиони денари или 268.000 евра, а истиот е со времетраење од една година, односно до исцрпување на предвидените средства.

Но, пред само неколку месеци, општина Кисела Вода исто така потпишала Договор со истата приватна агенција во вредност од 4,2 милиони денари или близу 70.000 евра.

Тогаш, времетреаењето на Договорот бил само четири месеци односно траел од 01.04 до 01.07 2024 година.

Драматична разлика во износот на провизиите

Но двата договори со истата приватна агенција освен што се разликуваат во износот и времетраењето, сериозно се разликуваат и во висината на провизијата наменета за агенцијата за времени вработувања.

Па така, во првиот договор кој се однесува на периодот април – јули 2024 година, надоместокот за користење на услугите – месечна провизија изразена во проценти изнесува 5% без ДДВ, односно 5,9% со вклучен ДДВ од секоја исплатена бруто плата на секој работник поединечно.

Но во вториот Договор, потпишан на 16ти овој месец, оваа месечна провизија изнесува 9.9% без ДДВ, односно 11,68% проценти со вклучен ДДВ, што е речиси двојно повеќе од претходниот договор, односно истата агенција за истата општина за истите услуги, само неколку месеци подоцна, наплатува двојно повеќе.

24инфо.мк испрати прашања до општината зошто имало потреба од втора постапка за времени вработувања во текот на една календарска година, но и зошто надоместот за агенцијата е сериозно зголемен, но оттаму до објавување на текстот не добивме одговор.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK