мај 12, 2026

Скопјанец го снимал малолетниот внук како управува со камион на автопатот Велес – Скопје, а потоа снимките ги објавил на социјалните мрежи.

Во Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, во присуство на неговиот татко Ќ.М.(45), бил извршен службен разговор со малолетник од село Сарај, скопско и со неговиот чичко Б.М.(40) од Сарај.
Имено, на 10.08.2024 околу 14.00 часот, Б.М. го снимал својот малолетен внук додека на автопатот Велес – Скопје, од клучка Кадино до клучка Арачиново, без возачка дозвола управува товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Сарај, по што снимките ги споделил на социјални мрежи.

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во координација со Секторот за компјутерски криминал, инспектор по малолетници од ЕВР Гази Баба, а по претходна консултација со јавен обвинител за малолетници, ќе преземе мерки според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и тоа: против Б.М. по член 317 став 14, против правното лице по член 317 став 12 и став 13 и против малолетникот по член 225 став 9. За настанот е известен и Центарот за социјални работи, информираа од МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK