мај 12, 2026

Денвер доби големо засилување во паузата меѓу две сезони. Нов играч на Нагетс стана Расел Вестбрук. Медиумите во САД шпекулираат дека Никола Јокиќ инсистирал Вестбрук да дојде во Денвер.

Искусниот плејмејкер на почетокот на подготовките се соочи со првата „непријатност“ во Колорадо. Вестбрук во Денвер нема да носи на дресот омилениот број.

Освен сезоната во Вашингтон, практично во текот на целата кариера, Вестбрук ја носеше „нулата“ (во Оклахома, Хјустон, Лејкерс и Клиперс).

Нулатат во Денвер е зафатена, ја носи Кристијан Браун, кој не сакал да се откаже од својот број.

Затоа Вестбрук ја зеде четворката, која ја носеше и во Вашингтон, а која во Денвер ја носеше Хантер Тајсон, кој во новата сезона ќе го носи бројот 5.

The post Вестбрук остана без омилениот број appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK