мај 12, 2026

Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Козара“, општина Центар.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок ф-80 милиметри на улица „Козара“ бр.26. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Без струја денеска од 8:00 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Осло“, а од 10:30 до 14:00 часот дел од корисниците од улицата „Будимпештанска“ во општина Карпош.

Во периодот од 8:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од стопанската зона во населбата Визбегово, поточно објектите во околината на фирмата „Полиестердеј“ во Општина Бутел.

Како што соопшти РЦУК, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK