мај 8, 2026

Интегрален текст од соопштение за јавност на Град Скопје:

Градот Скопје сака да ги извести вработените во училиштата под надлежност на Град Скопје дека уште на 27.08.2024 година (вторник) е пуштен налог за исплата на додаток на плата – регрес за годишен одмор.

За да ги добијат овие средства за регрес за годишен одмор вработените во училиштата под надлежност на Град Скопје, Министерството за образование и наука треба да ја одобри исплатата извршена од Град Скопје.

Не сакаме да прејудицираме дека се работи за политички мотивирана одлука со која директно се наштетува на вработените во образовните институции во градот Скопје, но не гледаме друго логично објаснување зошто се блокира оваа исплата од страна на МОН.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK