септември 19, 2024

Францускиот репрезентативец Еван Фурние е во преговори со неколку евролигашки екипи. Наводно фаворит за неговиот потпис е Олимпијакос.

По 12 години во НБА, Фурние реши да се врати во Европа.

Фурние одигра само 59 натпревари во НБА лигата во последните две сезони, со просек од 6,5 поени, 1,8 скока и 1,4 асистенции.

Французинот за време на Олимписките игри имаше одлични партии во дресот на националниот тим, со 9,8 поени со 1,7 скока и 2,2 асистенции. Тој му помогна на својот тим да го освои сребрениот медал.

Несомнено е дека Фурние би бил одлично засилување за Олимпијакос, кој успеа летово од НБА да го врати Саша Везенков во своите редови.

Интересно, пред две години, Фурние на социјалните мрежи истакна дека доколку би се вратил во клуб од Евролигата, тоа дефинитивно би бил Олимпијакос.

The post Францускиот ас се враќа во Европа – Олимпијакос е фаворит за неговиот потпис appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK