Најмалку десетмина патници се повредени во железничка несреќа што се случи денеска на пладне кај фабриката Порцеланка во Велес.
Според информациите, до судирот дошло кога воз удрил во такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка.
Во незгодата со повреди се здобиле 10 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
The post Воз удри во комбе во Велес, најмалку десет повредени appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде