септември 20, 2024

Пејачката Адел успеа да постави нов светски рекорд. Имено, Гинисовата книга на рекорди официјално потврди дека Адел на своите настапи во Минхен го имала најголемиот непрекинат ЛЕД екран на отворено.

Џоан Брент, официјален судија на Гинисовата книга на рекорди, ја изрази својата возбуда за постигнувањето на пејачката:

„Огромна чест е да ѝ ја доделам оваа титула на култната Адел. Нарачаните визуелни ефекти, прилагодени за секоја песна, навистина ги издигнаа нејзините изведби, додавајќи непобитен „wow“ фактор. Беше совршено надополнување на уметноста на Адел“.

Со вчерашниот настап во Минхен, британската пејачка Адел ја заокружи турнејата од десет настапи, во која беа вклучени по два настапи неделно во овој германски град.

The post Адел влезе во Гинисовата книга на рекорди appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK