септември 19, 2024

Рано утрово во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје било пријавено дека во затворот починал осуденикот А.О. (58) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.

Вчера во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во влошена здравствена состојба бил донесен П.С. (67) од Скопје, осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово.

Според пријавеното, околу 14 часот во затворот му се слошило, по што со возило на затворска полиција бил пренесен во „Мајка Тереза“, каде што во 15.25 часот лекар констатирал смрт. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK