септември 20, 2024

Вчеравечер била каменувана куќата на најдобриот македонски кикбоксер, Бобан Илиоски. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил, откако Илиоски физички се пресметал со едно лице кое претходно нападнало член од неговото семјество.

Како што велат од МВР, се започнало околу 22.20 часот кога Илиоски со уште едно лице физички го нападнале 28-годишниот Е.Л. од Скопје.

– Лицето Е.Л. со поголема група на луѓе отишле пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство – велат од полицијата.

Со повреди се здобиле В.И., Д.Н. и Е.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св. Наум Охридски”.

Од полицијата информираат дека увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK