септември 20, 2024

Вечерва, 4 септември ќе се случи светската премиера на најновата композиција од Дарија Андовска во Сараево, Босна и Херцеговина, во изведба на No Borders Orchestra, под диригентската палка на маестро Премил Петровиќ.

Станува збор за нејзината најнова композиција „Apoptotic Bodies” за гудачки оркестар и фиксен медиум, напишана по нарачка на No Borders Orchestra за нивниот Turning Point Tour.

На оваа турнеја, покрај историските ремек-дела на A. Schoenberg, G. Mahler и R. Strauss, ќе се изведат 4 нови композиции, нарачани од страна на No Borders Orchestra од едни од најреномираните и истакнати композитори од регионот: Нина Перовиќ (Црна Гора), Давор Бранимир Винче (Хрватска), Марко Никодијевиќ (Србија) и Дарија Андовска (Македонија).

Со тоа почнува балканскиот дел на турнејата, која веќе на 6 септември продолжува во Нови Сад.

Се очекува оваа програма да се сними и издаде на носач на звук од Deutsche Gramophon.

Веќе на 12.9.2024, во MC Gallery во Њујорк, Иван Наумовски – баритон и Ана Гацева – пијано, во рамките на својот рецитал, ќе изведат 4 композиции од циклусот “Песни од татковината“ на Андовска.

Дарија Андовска е една од најплодните, најреномираните и најизведуваните македонски композитори на светските подиуми, таа редовен професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје при УКИМ, каде моментално ја извршува функцијата декан.

The post Светска премиера на најновото дело од Дарија Андовска, заедно со најреномираните композитори од регионот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK