септември 20, 2024

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен ќе игра за Галатасарај како позајмен до крајот на сезоната, потврди турскиот клуб.

Галатасарај ќе му исплати на Осимен плата од шест милиони евра.

Осимен (25) оваа сезона не одигра ниту еден натпревар за Наполи, додека минатата сезона забележа 32 настапи за италијанскиот клуб и постигна 17 голови.

Претходната сезона тој стана шампион во Серија А со Наполи, како најдобар стрелец во лигата, со 26 гола во 32 натпревари.

Тој беше извонреден со репрезентацијата на Нигерија, за која одигра 35 натпревари и постигна 21 гол, освојувајќи го сребрениот медал на минатогодишниот Африкански куп на нации.

The post Сега е официјално – најнеочекуваниот трансфер на летото е завршен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK