Google, технолошкиот гигант чии услуги ги користат милијарди луѓе ширум светот, има функција која му овозможува тивко да ги снима гласовите на корисниците и да ги складира за други цели.
Google складира аудио снимки од активноста на корисниците на интернет и во апликациите, вклучувајќи вербални интеракции со пребарување, помошник и мапи, за да ги подобри технологиите за препознавање глас.
Меѓутоа, неодамна, технолошки експерт откри „cheat code“ за кој тврди дека може да го спречи Google да ги евидентира активностите на паметните телефони на корисниците.
Корисниците треба да ја приспособат својата сметка на Google со избирање на соодветните поставки во „Податоци и приватност“ за да го блокираат пристапот до микрофонот и камерата на технолошката компанија, пишува Дејли Меил.
Технолошкиот претприемач Џефри Кастиљо сподели совет со корисниците преку видео на Инстаграм, објаснувајќи како можат да ја исклучат функцијата.
Имено, потребно е да ја отворите апликацијата на Google и да кликнете на „Manage your Google account“, потоа да ги отворите поставките за податоци и приватност, потоа поставките за историја и потоа „Активност на веб и во апликации“.
Оттаму, скролувајте надолу до делот „Вклучи гласовни и аудио активности“ каде што има сина ознака за проверка. За да престане Google да ве „слуша“, треба да ја откажете таа ознака, односно да ја преместите ознаката.
„Кога ова е исклучено, аудиоснимките од гласовните интеракции со пребарувањето на Google, асистентот и мапите нема да се складираат на вашата сметка на Google, дури и ако сте најавени“, објаснуваат од Google, а пренесува „Глас Српске“.
The post Google тајно ве слуша, а еве како можете да го спречите тоа appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде