Шефот на разузнавачката служба на Украина, Кирил Буданов, во интервју изјави дека има информации директно од Кремљ дека Путин е многу болен и умира.
Шефот на разузнавачката служба на украинското Министерство за одбрана Кирил Буданов во интервју за ABC News зборуваше за актуелниот развој на ситуацијата во Украина и се осврна на нападите врз руската база Енгелс, како и на состојбата во здравјето на Владимир Путин.
На прашањето на новинарите дали Украина е одговорна за нападот на базата Енгелс, Буданов рече дека не може да одговори.
Не можам да одговорам на тоа прашање до крајот на војната. Мило ми беше што го видов тој напад, тоа е мојата реакција. Мислам дека ќе има повеќе напади, сè подлабоко и подлабоко на руска територија – рече тој.
На крајот на декември, Буданов се појави во јавноста во Бахмут , Доњецк, најжешката точка на фронтот од 800 милји. Она што го виде го шокираше.
– Војниците ми го покажаа делот каде што се натрупаа труповите како нешто што би го виделе на филм – рече тој.
– Има стотици трупови што само гнијат на отворено поле, на некои места се натрупани врз други тела како импровизирани ѕидови, кога руските војници го напаѓаат тоа поле, тие тела ги користат за покривање, како штит. Но, тоа не функционира. Таму има вистински полиња со трупови– тој рече.
Буданов рече дека оружјето на Русија се исцрпува, што ја принудува да користи поевтино оружје, како што се иранските самоуништувачки беспилотни летала Шахед, кои посеаа страв и паника меѓу населението, пренесува Мондо.
Дали Путин е смртно болен?
Буданов нагласи дека нападите би можеле да се однесуваат и на Крим, особено ако се земе предвид дека Крим е дел од Украина и дека Украина може да употреби какво било оружје на тоа подрачје. После тоа, тој одговори и на прашање за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Мондо.
– Да, тој е смртно болен. Мислам дека многу брзо ќе умре, се надевам. Мислиме дека е рак. Тоа го знаеме од извори блиски до Кремљ, односно до самиот Путин – изјави Буданов.
Тој заклучи дека во случај на смрт на Путин ќе има трансфер на власта, но дека војната во Украина треба да заврши пред смртта на рускиот претседател.
Следете не, не има насекаде