декември 23, 2024

Онлајн профили кои тврдат дека се дел од неформалната меѓународна хакерска група „Анонимус“, денеска испратија нови пораки до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со предупредување дека „ќе го натераат да плати висока цена”.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

На еден од таквите профили на Твитер – @parrattarna, хакерите тврдат дека во текот на ноќта ја блокирале веб-страницата на Војската на Србија, а утринава и веб-страната „vucic.rs“. И двете веб страни во моментов се во функција.

Сепак, тие се заканија дека нема да запрат овде.

„Фашисто Александар, не поминувај време со твоите кучиња. Вашата војска сега не може да лае. Не ги потценувајте Анонимусите, ќе ви ставиме поводник“, напишаа тие во објавата, алудирајќи на претходната вербална пресметка со српскиот претседател.

Имено, за потсетување, на крајот на декември, профили кои наводно се дел од групата „Анонимус“, го обвинија Вучиќ дека преку иницирани провокации на северот на Косово се обидува да предизвика вооружен конфликт и да го дестабилизира регионот, но истовремено и му се заканија дека тие потези „се самоубиствени за него“.

На тоа Вучиќ објави фотографија како си игра со своите кучиња, шегувајќи се, саркастично, дека се подготвуваат за борба против „Анонимусите“.

„Српскиот автократски претседател, кој е марионета на Владимир Путин, се обидува да го дестабилизира регионот користејќи ги механизмите на насилство и терор на воениот злосторник Слободан Милошевиќ. Но, овие потези се самоубиствени за него. Во екот на војната во Украина, Србија е единствената земја која официјално прогласи сојузништво со Русија отфрлајќи ги постојаните повици од Западот да се приклучи на санкциите од ЕУ“, гласеше дел од пораката во декември, објавена на Твитер профилот „Anonymous TV“ со украинско знаме (@youranontv). На истиот профил, сега се вели дека тие го прифатиле предизвикот на Вучиќ.

Hey, Putin’s puppet @avucic, since you are ready to challenge us, we will fulfill your wish. This is just the beginning, you will soon witness extraordinary surprises on our behalf. Expect us. #Anonymous #OpSerbia https://t.co/AaCMSViSsX

— Anonymous TV (@YourAnonTV) January 4, 2023

„Путинова марионето, Александар Вучиќ, бидејќи си подготвен да нѐ предизвикаш, ние ќе ти ја исполниме желбата. Ова е само почеток, а наскоро ќе бидете сведоци на големи изненадувања од наша страна. Чекајте нѐ“, пишува во пораката, во која е приложена листа на веб сајтови за кои тврдат дека биле хакирани.

Пораките, инаку, се споделуваат преку мрежа од Твитер налози кои во имињата содржат „Анонимуси“, а имат десетици до неколку стотици илјади следбеници.

Извор: МИА

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK