Фото: ТВ „Клан“, принтскрин
Повредени се 12 патници во сообраќајна несреќа што се случила денеска напладне откако возило моторна дрезина на ЈП МЖ Инфраструктура удрило во патничко комбе со 12 лица на патниот премин Порцеланка во Велес.
„Денеска во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес се случила железничка незгода помеѓу железничко возило и такси возило – комбе ‘мерцедес’ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од 52 годишниот Д.Ј. од Чашка. Во незгодата со повреди се здобиле 10 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес“, информираше првично портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, за подоцна, во писмено соопштение, да посочи дека официјално се повредени 12 лица, а не 10, како што првично беше соопштено.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Од ЈП МЖ Инфраструктура, за несреќата, за МИА изјавија дека нивното возило удрило во задниот дел на комбето.
„Возило сопственост на Инфраструктура се враќало од извршување работни задачи од станица во Богомила кон станица Велес, при што на патен премин ‘Порцеланка’ пред Велес удрило во задниот дел на патничко комбе, во кое се превезувале работници. Нашето возило кочело колку што му дозволувале техничките услови, неговиот запирен пат е околу 500 метри, дало сигнални знаци за опасност, но патничкото возило не застанало и поминало директно и било удрено на задниот дел“, изјави Никола Марков, помошник директор за сообраќај во МЖ Инфраструктура.
Увид на местото на несреќата вршат екипи на Комисијата за вонредни настани на ЈП МЖ Инфраструктура и на Министерството за внатрешни работи.
Како што посочија медиумите, поголемиот дел од повредените се од село Мелница.