септември 20, 2024

Новиот француски премиер Мишел Барние најави нова политичка насока, јави ДПА.

-Ќе има промени и нарушувања, изјави конзервативниот политичар за новинарите во Париз.

-Франција е во сериозна ситуација и треба да почне ново поглавје. Ќе дејствуваме повеќе отколку што зборуваме, рече 73-годишниот поранешен еврокомесар и преговарач за Брегзит.

Барние нагласи дека сака да „одговори на предизвиците, гневот, страдањето, чувството на напуштеност и неправда што преовладува во градовите, населби и руралните области“.

Потребно е повеќе слушање и почит меѓу владата и парламентот, меѓу самите политички партии и јавноста, додаде новиот француски премиер. (МИА)

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK