септември 20, 2024

Градоначалничката Данела Арсовска преку ЈП Улици и патишта го врати спомен обележјето на Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот. Ваквиот потег на Град Скопје раководен од Арсовска доаѓа во време кога граѓаните имаат куп поплаки за раководењето на градот, кој се соочува со проблеми кои ги засегаат граѓаните, пренесе Скопје1.
Таблата за враќање на Ќосето е поставена на кружниот тек как “Ист гејт мол”. Арсовска и Градот практично ја спроведуваат одлуката изгласана од Советот на три дена пред Нова година. Тогаш, со 23 гласови „за“, 3 „против“ и 7 „воздржани“ Советот на Град Скопје ја изгласа иницијативата за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој пред пет години беше отстранет од пред комплексот судови.

Споменикот на Ќосето беше поставен пред зградата на Врховниот суд ноќта меѓу 6 и 7 септември 2014 година, како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, но голем дел од јавноста го гледаше како дел од контроверзниот проект „Скопје 2014“.

Споменикот беше отстранет во февруари 2018 година, на почетокот од мандатот на претходната администрација на скопскиот градоначалник Петре Шилегов со образложение дека се работи за дивоградба.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK