септември 20, 2024

Романската актерка и модел Мадалина Генеа, која е позната како една од најубавите жени на светот, прошета на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција и ја воодушеви публиката со својот изглед.

37-годишната Мадалина се појави на премиерата на филмот Joker: Folie a Deux во тесен фустан со светки со долга, пуштена коса и насмеано им позираше на фотографите.

Покрај тоа, актерката се појави и на премиерата на филмот Queer, а беше облечена во беж фустан со качулка и со изрез што ги истакна нејзините долги нозе.

Убавата Романка беше во врска со Џерард Батлер и Леонардо ди Каприо, а на крајот се омажи за романскиот милијардер Матеи Стратан, со кој има 7-годишна ќерка.

The post Една од најубавите жени на светот го украде шоуто на црвениот тепих во Венеција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK