септември 20, 2024

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник за глобалното натпреварување, за ,,Фокус” открива новинарот и инфлуенсер Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци.

Тој деновиве се врати од Турција, каде на тамошна клиника му беа извршени испитувања поради тешката дијагноза со која се справува веќе извесен период, и наскоро го очекува хируршка интервенција на приватна клиника во Македонија.

Но, и покрај здравствените предизвици, Василевски во улога на национален директор на изборот за Македонија, посветен е на проектот со кој преку убавина се промовира државата на светско ниво. Во тек е пријавувањето на девојките, и имало голем интерес.

Настанот ќе се одржи на осми октомври во салата на Македонската опера и балет, а победничката ќе ја претставува нашата земја на глобалното дефиле кое ќе се одржи на 16-ти ноември во Мексико Сити, Мексико.

Право на учество на изборот за Miss Universe имаат сите државјанки на Македонија кои живеат во државата и кои наполниле 18 години до први јануари во годината. Пријавувањата се веќе достапни на официјалниот веб сајт www.missnorthmacedonia.com, појаснува новинарот.

Додава дека настанот е од голема важност за Македонија, бидејќи ја промовира земјата на светско ниво, но исто така е од голема важност и потенцијалната претставничка, бидејќи се работи за престижен настан кој би значел голем чекор напред во кариерата на избраната мисица.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK