септември 20, 2024

Реал Мадрид има големи проблеми со повредите на фудбалерите од почетокот на сезоната.

Ново име на листата на повредени е бразилскиот дефанзивец Едер Милитао. Имено, Бразилецот на тренинг во репрезентативниот камп го повредил мускулот на ногата.

Ова е веќе осми играч кој се повреди од почетокот на сезоната, исклучок е Давид Алаба, кој веќе подолг период е повреден.

Карло Анчелоти не може да смета на овие фудбалери:

Џуд Белингем (мускулна повреда, се враќа кон крајот на септември)
Едуардо Камавинга (повреда на коленото, непознат датум на враќање)
Орелиен Чуамени (повреда на стапалото, непознат датум на враќање)
Ферланд Менди (мускулна повреда, непознат датум на враќање)
Дани Себаљос (истегнување на глуждот, враќање во ноември)
Давид Алаба (скинати вкрстени лигаменти на коленото, непознат датум на враќање)
Џоан Мартинез (скинати вкрстени лигаменти на коленото, враќање кон крајот на февруари 2025 година).

Најголем проблем Анчелоти има во редот за врска, Анчелоти во краток период остана без Белингем, Камавинга и Чуамени. Покрај тоа, се повреди и Себаљос.

Следниот натпревар Реал Мадрид го игра на 14 септември против Реал Сосиедад.

The post Нов шок за Анчелоти, се повреди уште еден играч на Реал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK