ноември 10, 2024

Поранешниот играч на Манчестер Сити, Бенџамин Менди го тужеше англискиот клуб.

Како што пренесува „Скај спортс“, Сити ќе оди на суд по барањето на Менди во октомври.

Францускиот фудбалер минатата година поднесе тужба од повеќе милиони фунти против Манчестер Сити поради неисплатени плати.

Поранешниот играч на Сити поднесе тужба до Судот за вработување, барајќи да му се исплатат „неовластените одбивања од платите“ откако беше обвинет за силување и сексуален напад во 2021 година.

Менди беше прогласен за невин за сексуални престапи врз голем број жени во 2023 година, но поротата не успеа да донесе пресуди за две точки од обвинението, што предизвика повторно судење.

Менди побара да му бидат исплатени платите што му се должат до крајот на неговиот договор, кој истече во 2023 година.

Во 2017 година, Менди пристигна во Сити од Монако за 52 милиони фунти.

The post Сити повторно оди на суд поради Менди appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK