септември 20, 2024

Во врска со реакциите поврзани со предложената точка на дневен ред за донирање финансиски средства на „Македонска православна епархија за Европа – Берлин”, Општина Центар апелира до граѓаните да не подлегнуваат на инсинуации и шпекулации со кои се доведуваат во заблуда граѓаните дека општината или градоначалникот одобриле донација.

Градоначалникот Герасимовски соопшти дека тој и советниците на СДСМ нема да гласаат за донацијата, а законска обврска е секое барање за донација да се стави на гласање. Општина Центар останува посветена на одговорно управување со буџетските средства и реализирање на проекти кои директно ги подобруваат условите за живот на сите наши граѓани.

Во продолжение, интегралниот текст од ставот на градоначалникот Герасимовски

„Во врска со реакциите за предложената точка на дневен ред за донирање на финансиски средства на ,,Македонска православна епархија за Европа – Берлин, апелирам граѓаните да не подлегнуваат на инсинуации и шпекулации. Моја законска обврска е барањето да го проследам до Советот. А став на советниците на СДСМ и мој личен став е дека нема да поддржиме проекти од буџетот на општина Центар кои не се во интерес на граѓаните на општината.”

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK