септември 21, 2024

Во текот на вчерашниот ден и денеска (08/09.09.2024) полициски службеници од СВР Скопје преземаа засилени мерки и активности за безбеден град Скопје, при што биле легитимирани 87 лица, а преглед бил извршен на 37 моторни возила.

Лишени од слобода биле пет лица по член 215 од Кривичниот законик и три лица поради недозволено поседување на  оружје. Исто така, лишени од слобода биле две лица по член 396 од Кривичниот законик и едно лице по член 235 и 378. Едно лице било приведено за доиздржување на казна затвор.

Засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови, велат од СВР Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK