Специјалниот британски пратеник за Западен Балкан Стјуарт Пич денеска ќе престојува во Косово каде ќе се сретне со премиерот Албин Курти.
Засега не е соопштено кои ќе бидат темите на разговорот меѓу Курти и Пич.
Се очекува во јануари на Косово да дојдат и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан, Габриел Ескобар, како и советниците на францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.
Засега не се познати датумите на нивните посети на Косово.
Следете не, не има насекаде