септември 20, 2024

Познатиот аргентински фудбалер Лионел Меси проговори за тоа кого го смета за најголемиот спортист во историјата.

Има многу врвни спортисти, кои би можеле да се најдат на тоа место, но Меси има свој фаворит.

„Кога станува збор за спортот, мислам дека најдобар е Мајкл Џордан. Откако ја гледав серијата „Последниот танц“ се инспирирав и дознав повеќе за тоа кој е тој и што има постигнато“, изјави Лионел Меси, пренесува SPORF.

Меси додаде дека би бил многу среќен да се слика со Џордан.

„Толку луѓе ме побараа за фотографии, зошто да не барам од него фотографија? Би било навистина убаво“.

Нема сомнеж дека Мајкл Џордан е меѓу најголемите спортисти на сите времиња. Славниот кошаркар е двократен олимписки победник и шесткратен шампион во НБА. За време на неговата професионална кошаркарска кариера, тој играше двапати за Чикаго Булс (1984–1993, 1995–1998) и за Вашингтон Визардс (2001–2003).

Познато е дека Џордан двапати го напушти спортот и двапати се враќаше. Славниот Американец беше примен во Куќата на славните на кошарката во 2009 година, а во Куќата на славните на ФИБА во 2015 година. Денеска има 61 година.

The post Меси откри кого го смета за најголем спортист на сите времиња appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK