Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му рекол на својот руски колега Владимир Путин во телефонски разговор дека мировните напори во руско-украинската војна треба да бидат поддржани со едностран прекин на огнот и визија за праведно решение, соопшти турското претседателство.
Во соопштението се наведува дека двајцата лидери разговарале за енергетиката и за црноморскиот коридор за жито.
Ердоган, исто така, му рекол на Путин дека треба да се преземат конкретни чекори за отстранување на курдските милитанти од пограничниот регион на Сирија.
Тие разговараа и за проектот за гасен центар во Турција, за кој двајцата претседатели претходно наложија да се направи детален план за градба.
„За време на разговорот, претседателот Ердоган рече дека Анкара ја зајакнала и продолжува да ја зајакнува инфраструктурата за создавање гасен центар во Турција, како и дека турската страна е посветена на финализирање на патната карта и преземање конкретни чекори за нејзино спроведување колку што е можно поскоро“, велат од канцеларијата.
Следете не, не има насекаде