Меѓународниот конзорциум на производители на автомобили „Стелантис“ денеска на Саемот за електроника ЦЕС во Лас Вегас објави дека ќе произведува електрични летала развиени од американската компанија „Арчер“, наменети како летачко такси.
„Стелантис“, чиишто водечки компании-членови се „Пежо“, „Ситроен“ и „Џип“, ќе му даде до 150 милиони долари на „Арчер“ за тн. авион со вертикално полетување и слетување (е-ВТОЛ), што ќе може да превезува четворица патници и пилот. Под називот „Миднајт“, леталото изгледа како мал авион со неколку ротори на крилата и е наменет за патувања од околу 30 километри со време на полнење на батеријата од само околу 10 минути меѓу патувањата.
Двете групи веќе склучија партнерство во 2021 година, кога „Стелантис“ му даде техничка помош на „Арчер“ и пристап до синџирот на снабдување.
„Стелантис“ овојпат се очекува масовно да го произведува малото такси-летало, како ексклузивен производител со договор, во фабриката на Арчер во Ковингтон, Џорџија, во источниот дел на САД.
Следете не, не има насекаде