септември 22, 2024

Фудбалерите на Челзи го совладаа Борнмут на гостински терен со резултат 1:0 во натпревар од четвртото коло на Премиер лигата.

Во поголемиот дел од натпреварот фудбалерите на Борнмут беа поконкретни, но не успеаја да го совладаат Роберто Санчез.

Шпанецот му одбрани пенал во 37. минута на Еванилсон.

Бразилецот кој пристигна од Порто како замена за Доминик Соланке два пати потоа ја погоди стативата.

Како одминуваше натпреварот, така се зголемуваа и тензиите. И двајцата менаџери заработија жолт картон, а судијата Оливер вкупно покажа 14 жолти картони.

Мечот го реши Нкунку, кога издржа дуел со двајца дефанзивци и успеа даго совлада голманот на Борнмут.

The post (Видео) Борнмут го надигра Челзи, но три бода им припаднаа на „сините“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK