септември 22, 2024

Романија нема да прогласи епидемија на грип, иако државата е во состојба на епидемиолошка тревога, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство на таа држава Александру Рафила.

– Не сакам на кој било начин да се вратам на дискусиите поврзани со карантин и изолација. Претпочитам препораки отколку ограничувања, истакна Рафила и им препорача на Романците да носат маски во затворени простори.

Во меѓувреме, Националниот центар за надзор и контрола на заразни болести при Националниот институт за јавно здравје соопшти за први смртни случаи од грип во Романија. Станува збор за 25-годишна жена од Букурешт со потврден вирус на грип од типот А и уште една 50-годишна жена, исто така од Букурешт

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK