декември 23, 2024

– Во голема акција на данската полиција уапсени се 135 лица осомничени за перење пари, кои со измама биле земени од повозрасни лица.

Уапсените контактирале со повозрасни луѓе и ги убедувале да префрлат пари од нивните банкарски сметки или да дадат лични информации поврзани со нивните сметки.

Шефот на специјалната полициска единица за борба против криминалот Торбен Сварнер изјави дека уапсените не се организатори на измамата.

Данските власти подготвиле обвиненија за перење пари против 212 лица, но полицијата сè уште не успеала да ги пронајде сите обвинети, посочи Сварнер.

Полициската операција била планирана од есента, а во неа учествуваа повеќе од 600 полицајци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK