– Мировната мисија на Косово предводена од НАТО (КФОР) денеска го заврши отстранувањето на последните неколку возила што ги блокираа патиштата на северот на Косово, објави Алијансата во соопштение на својата веб-страница.
Демонтирањето на последните барикади беше извршено со распоредување инженерски единици … и беше спроведено „брзо и на безбеден начин со цел да се избегнат инциденти и други ризици за локалната безбедност. Оваа акција беше спроведена во согласност со мандатот на КФОР, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, со цел да се обезбеди безбедна средина и слобода на движење за доброто на сите заедници кои живеат на Косово, се наведува во соопштението на НАТО.
Отстранувањето на барикадите, како што се наведува, следело по „интензивните напори“ на НАТО и на Европската унија за намалување на тензиите на северот на Косово, со клучна поддршка на мисиите на КФОР и ЕУЛЕКС, предводени од ЕУ.
Следете не, не има насекаде