Селекцијата на Норвешка, најголемиот фаворит за првото место во групата во која е и Македонија на претстојното СП 2023 во Полска и Шведска, моќно го почна циклусот пријателски средби, откако вечерва буквално ја збриша секогаш незгодната Португалија (38-27).
Магнус Род и Сандер Сагосен се вратија на терен по повредите, но тие претежно асистираа на овој дуел, а најдобар стрелец беше левото крило Себастијан Бартолд. Тој средбата ја заврши со десет гола од десет обиди, што секако треба да биде опомена за нашиот стручен штаб предводен од Кирил Лазаров.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Норвешка ќе одигра уште две пријателски средби пред СП и тоа против САД и Бразил, а првиот дуел против Македонија на Мундијалот е на програмата на 13 јануари.