декември 23, 2024

Рускиот претседател Владимир Путин, по дадениот предлог од патријархот Кирил, издаде наредба за божиќен прекин на борбите во Украина кој ќе трае од петок напладне до сабота на полноќ, објави Кремљ.

Путин нареди да се воведе прекин на непријателствата во Украина, соопшти Кремљ.
Путин му наредил на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу да го прекине огнот во Украина по повод православниот Божиќ.

Примирјето е предвидено да трае од пладне во петок на 6 јануари до полноќ во сабота на 7 јануари, кога православните верници традиционално го слават празникот.
„Судејќи според фактот дека во областите на борби живеат многу граѓани што ја практикуваат православната вероисповед, ја повикуваме украинската страна да прогласи прекин на непријателствата и да им даде можност да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на Божиќ”, се вели во соопштението на Кремљ.

Претходно денеска рускиот духовен водач, патријархот Кирил, повика на прекин на огнот во Украина поради православниот Божиќ, кој оваа недела традиционално го слават двете земји.
„Јас, Кирил, патријарх московски и на цела Русија, апелирам до сите страни вклучени во меѓусебниот конфликт со повик за прекин на огнот и воспоставување божиќно примирје од 12 часот на 6 јануари до 00 часот на 7 јануари, за православните луѓе да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на денот на Рождеството Христово“, порача тој на официјалната веб-страница на црквата.

Михаило Подолјак, висок украински функционер, го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за 36-часовен прекин на огнот поради Божиќ и го нарече лицемерен.
Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски Михаил Подолјак денеска рече дека до прекин на огнот ќе дојде само кога Русија ќе ги напушти украинските територии што ги окупираше.

„За разлика од Русија, Украина не напаѓа туѓа територија и не убива цивили. Украина на своја територија уништува само припадници на окупаторската армија“, напиша Подолјак на својот профил на Твитер.
Тој напиша дека „Русија мора да ги напушти окупираните територии“ и дека „само тогаш ќе има примирје“.

„Задржете си го лицемерството за себе“, порача Подолјак.
Претходно денеска Путин му нареди на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу да го прекине огнот во Украина на 36 часа по повод православниот Божиќ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK