Според најновиот извештај за глобалната продажба на телефони, Android-ите конечно ги достигнуваат моделите на iPhone.

Компанијата Omdia ги објави резултатите од најпродаваните телефони во првите шест месеци од оваа година, а првите десет места беа поделени „рамноправно“ – пет модели на iPhone и пет Android.

На прво место е iPhone 15 Pro Max со 21,8 милиони продадени примероци, а на второ место е iPhone 15 (17,8 милиони).

Најпродаван Android во првата половина на 2024 година беше Samsung Galaxy A15, кој беше продаден во 17 милиони единици. Сепак, ова беше доволно само за третото место на вкупната листа.

Следуваат iPhone 15 Pro (16,9 милиони) и Samsung Galaxy S24 Ultra (12,6 милиони).

Во втората половина од Топ 10 листата се iPhone 13, Samsung Galaxy A15 5G, Xiaomi Redmi 13C, iPhone 14 и на десетата позиција Samsung Galaxy A05.