декември 23, 2024

Денеска на Градскиот плоштад во Скопје ќе се одржи Божиќен концерт со Димитар Андоновски, Пере – Нокаут, како и хорот на Златното славјече, Антониа Гиговска и Ламбе Алабакоски кои ја отпеаја трета верзија на „Вечниот бог“.

Во 11 чаосот и 30 минути ќе биде оформена Бадниковата поворка, која преку Камениот мост ќе се упати кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Децата учесници во поворката ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање. Водители ќе бидат Марија Јанчевска и Јован Дукмеџиев.

Бадникови поворки ќе се организираат во вкупно 62 градови и населени места во нашата земја, илјадници деца ќе чекорат во бадниковите поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог” ќе го најавуваат Христовото Раѓање.

За потсетување, од Здружението Бадникови поворки информираа дека заврши снимањето на спотот за третата верзија на „Вечниот Бог“ отпеана од Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно славејче.

Режисер на видеото е Дејан Пројковски, диркетор на фотографија Горан Наумовски и камера и продукција на Стојан Стојановски.

The post Денес на Бадник божикен концерт на плоштадот во Скопје со Антониа, Ламбе, Златно славејче, Димитар и Пере appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK