септември 27, 2024

Малолетен мотоциклист прегазил 73-годишен пешак во Демир Хисар по што лицето починало на лице место, додека со тешки повреди се здобил неговиот сопатник.

„Вчера во СВР Битола било пријавено дека во 20.15 часот на ул.„Битолска“ во Демир Хисар, мотоцикл со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од 15 – годишник од с.Журче, демирхисарско, удрил во пешакот П.Л.(73) од Демир Хисар. Од здобиените повреди на местото починал пешакот П.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Д.Ј.(19) од с.Вардино, демирхисарско, сопатник на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола“, информираат од МВР.

Увид на местото на несеќата извршиле увидна екипа на СВР Битола и јавен обвинител.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK