септември 26, 2024

Град Скопје ги известува граѓаните дека започнувајќи од петок (27.09.2024 година) до 03.10.2024 година (четврток), ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 27 и 28.09.2024 година (петок и сабота), во раните утрински часови.

Терестичната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 30.09.2024 (понеделник) до 03.10.2024 (четврток), во период од 21.00 до 02.00 часот, наредниот ден.

Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализираат на 27.09.2024 (петок), во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK