Бела Хадид се врати на модната писта по пауза од две години.
27-годишната манекенка се прошета на ревијата за Сен Лоран на модната недела во Париз, каде што беше претставена женската колекција пролет/лето 2025 година.
Таа се појави на пистата во предимензиониран црн костум со бела кошула и вратоврска. Носеше и очила за сонце, а косата и беше собрана во пунџа.
Нејзиното враќање многумина го дочекаа со ентузијазам. Фотографиите на Бела од ревијата се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа многу позитивни коментари.
„Бела се врати“, „Изненадена сум, колку добро“, „Икона“, „Сите сакаат да бидат како Бела Хадид“, се редат коментарите на „Икс“.
The post Бела Хадид се врати на модната писта по две години пауза, луѓето се воодушевени appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде