Македонската машка ракометна репрезентација вечерва со дуел против домаќинот Хрватска го почнува настапот на меѓународниот турнир „Кроација куп 2023“ во рамки на подготовките за претстојното Светско првенство.
Како што јавија хрватските медиуми, салата „Жатика“ во Пореч, која има капацитет од 3.700 седишта, е целосно распродадена за гостувањето на избраниците на селекторот Кирил Лазаров.
Натпреварот е со почеток во 20:15 часот, а македонската репрезентација во истиот термин в сабота ќе го одигра и вториот натпревар на „Кроација куп“ против Израел.
За македонските ракометари ова ќе бидат завршните контролни дуели пред Светското првенство во Полска и Шведска, кое почнува на 11 јануари. Избраниците на Лазаров ќе играат во полскиот град Краков во рамки на групата Ф против Норвешка, Аргентина и Холандија.
Следете не, не има насекаде